Амнести Интернешнл и други здруженија за заштита на човековите права ја повикаа ФИФА да издвои 440 милиони долари како компензација за работниците мигранти во Катар поради „кршење на човековите права“ за време на подготовките за Светското фудбалско првенство во Катар.

Во извештајот на 48 страници на Амнести Интернешнл се наведуваат бројни примери на злоупотреба од страна на катарските власти поврзани со платите на ангажираните странски работници.

Со цел да се исправат серијата злоупотреби извршени од 2010 година кога ФИФА му ја додели организацијата на Катар без да ја услови земјата да ги подобри работничките права, организациите бараат ФИФА да исплати компензација од 440 милиони долари колку што изнесува и наградниот фонд на Светското првенство, се наведува во извештајот доставен до ФИФА.

Катар, од своја страна, ги отфрли обвинувањата, наведувајќи дека вовел серија реформи во последните пет години, додека ФИФА во својот одговор наведе дека го проценува предлогот на Амнести Интернешнл и спроведува „процес без преседан во однос на заштитата на ангажираните работници“.

OhridNews