Намалување на бројот на директори, намалување на бројот на членови во Управните одбори на болниците и здравствените домови, се само дел од мерките што Владата заедно со Министерството за здравство, ќе ги превземе, со цел да се избегне финансиски колапс на македонското здравство и да се подобри квалитетот на услугите за пациентите.


Исто така, со цел да се зајакне финансиската дисциплина во здравствениот сектор ќе се  изврши детална финансиска ревизија на 20-тина јавни здравствени установи кои што имаат поголеми заостанати обврски.

Со одлука на Владата, дел од капацитетите на болниците кои не се користат, а генерираат трошоци, ќе бидат комерцијализирани. Со цел да се намалат трошоците во здравството ќе биде замрзната и минатогодишната одлука за зголемување на бодот на капитација на медицинскиот персонал.

OhridNews