Ова е предвидено во одредбите на Законот за здравствено осигурување. Од вчера во 12 ординации од примарната здравствена заштита почна да се применува електронската здравствена картичка.
Медицинарите очекуваат многу погодности со примената на електронските здравствени книшки. Така, пациентите нема да има потреба една иста анализа да ја прават неколкупати затоа што податоците за направената анализа ќе бидат достапни на картичката. Со воведувањето на електронските здравствени картички се очекува да се олесни работата на ординациите, да се зголеми квалитетот на услугите што ги добиваат пациентите и да се подобри протокот на информации во целиот здравствен систем.