Пиењето на чаша или две вино секој ден, не само што носи забава, туку е и добро за вашето здравје. Отворете шише вино и уживајте!

Го намалува ризикот од срцеви заболувања
Во истражување кое траело 12 години, а учествувале 38 000 мажи, на возраст од 40 до 75 години, докажано е дека умерена консумација на алкохол, како што е виното, го намалува ризикот за болести на срцето дури до 35%.

Го намалува ризикот од мозочен удар
Второ долгорочно истражување спроведено на 85 000 учесници, на возраст од 35 до 59 години, покажало дека консумирањето на околу 18 мл вино, неколку пати неделно, може да го намали ризикот од мозочен удар за дури 70%.

Го намалува ризикот од развивање на дијабетес тип 2
Во истражување кое траело 10 години, а биле вклучени повеќе од 35 000 здрави возрасни особи, покажало дека луѓето кои уживаат во умерена консумација на алкохол (1чаша за жени и 2 чаши за мажи дневно) имаат 40% помал ризик од развој на дијабетес тип 2 од оние кои во целост се воздржуваат од алкохол.

Ги одржува когнитивните способности
Универзитет во Колумбија извршил истражување во 2006 година, кое покажало дека луѓето кои пиеле 1-2 чаши вино неделно се во состојба да ги одржат когнитивните способности во подолг временски период, отколку оние кои никогаш не консумирале алкохол. Од ова истражување, може да се заклучи дека алкохолот може да го намали ризикот од деменција и мозочно изумирање, тврдат научниците.

Го продолжува животот
Истражување спроведено во 2009 година во Холандија, покажало дека умерено консумирање на вино (или воопшто алкохол) е силно поврзано со намалување на ризикот од смрт после срцев удар. Во просек, луѓето кои редовно консумираат умерена количина алкохол, живеат 5 години подолго од оние кои се воздржуваат од алкохол или пијат премногу.

извор:zenstvena.com