Како што за OhridNews изјави директорот на ЈЗУ Здравствен дом, Митко Дабески, од надлежното министерство во повеќе наврати е барано да се обнови возниот парк на оваа здравствена установа.
– Од наша страна е испратено барање до министерството за здравство за минимум две нови возила. Се надеваме дека во рамки на проектот на министерството за обновување на возниот парк на здравствените установи во земјава со нови 100 возила, и нам ќе ни бидат доделени потребните возила. Засега ги одржуваме старите на кои постојано се врши проверка, заменување на старите делови, вели Дабески.
Инаку, возилата кои се користат за потребите на итната служба во Охрид се стари повеќе од три децении. Познато е дека често пати при превезување на итни случаи на пациенти до клиниките во Скопје доаѓало до расипување на автомобилите на половина пат до главниот град.
Засега од министерството за здравство нема информации дали со нови возила ќе биде обновен возниот парк на итната служба во Охрид.