За да се подобрат услугите на пациентите во здравството, да се обезбеди обезбеди ефикасност во работењето на здравствениот персонал и да се спречат кражбите на лековите, особено на метадонот, министерството за здравство воведе видео наздор во јавните здравствени  установи.

Министерот Бујар Османи го потпиша правилникот со кој точно се утврдува начинот и постапката за употреба на записите од мониторингот. „Не дозволив пуштање на системот се додека не се подготви правилник со кој точно ќе се определи начинот и постапката за употреба на записите од овој видео надзор. Правилникот беше подготвен заедно со Дирекцијата за заштита на личните податоци која го одобри, а ние како Министерство го потпишавме. Во Правилникот точно е одредено кои се луѓето кои ќе можат да ги гледаат тие записи. Во 71 локална станица авторизираните лица од страна на директорот на болницата ќе можат да ги гледаат записите само тековно, тоа што се случува во моментот. Тие ниту можат да преснимуваат ниту можат отпосле да ги гледаат тие записи“, посочи Османи.

Ситемот за видео надзор е составен од 71 локална станица, централен мониторинг центар и линкови за пренос на видео сигналите.Станува збор за локални станици со околу 950 внатрешни и 150 надворешни камери и се покриени сите јавни здравствени установи во земјава.

Единствено во централната станица каде се наоѓа архивата во текот на 30 дена, бидејќи 31-от ден се уништуваат податоците, ќе може да се извлечат снимени материјали и тоа само со писмено барање на министерот во кое се образложува потребата од такви записи. За потребите на МВР, судските органи и на министерот за здравство ќе можат да ги земат претходно авторизирани лица од министерот за здравство.

Во зоната која е покриена со видео камера ќе биде назначено дека е под видео мониторинг како што е секаде во светот. Секој што ќе влезе во таа зона ќе знае дека е под видео мониторинг. Ќе се снима на влезните места на болниците, околу шалтерите каде што се прави регистрација и евиденција, ходниците и централните аптеки каде што се чуваат лековите особено каде што се чува метадонот во Центарот за зависности.

Ohridnews