Кај охриѓани во последно време значително е подигната свеста за консумирање на здрава и органска храна, а голем дел од нив во своето секојдневно мени на исхрана додаваат здрави намирници, како што се семиња, житарки, ладно цедени масла, како и голем број додатоци во исхрана кои служат за подигање на имунитетот, за превенција од одредени заболувања, но и за помош при одредени здравствени третмани.
Од првата специјализирана продавницата за природна и органска храна „Биокосмос“, која веќе една година успешно работи во Охрид, велат дека помеѓу купувачите кои практикуваат здрава исхрана, доминираат помладите.
-Динамичното и стресно секојдневие го исцрпуваат човечкиот организам па затоа е потребно истиот да се поткрепи преку здрава храна која е богата со минерали, витамини и антиоксиданси. Младите се повеќе информирани за здравиот начин на живот и се повеќе запознаени со намирниците од палетата на здрава храна, но од ден во ден свеста за здравиот начин на хранење се буди и кај повозрасната популација која се повеќе се интересира за здравите прехранбени производи, велат вработените во „Биокосмос“.
Тие објаснуваат дека најбарани помеѓу здравите намирници се производите кои се дел од групата на „супер храна“ во прав и во капсули како што се Спирулината, Гравиолоата, Пченичната трева и Хлорелата.
-Дел од овие производи се антиоксиданти и го помагаат чистењето на организмот од токсини, а дел се исклучително богати со минерали и витамини кои се важни за човековото здравје. Исто така еден од најбараните производи е Чиа семето, а доста баран производ е и коренот од Мака во прав кој се користи за хормонален баланс на организмот, дава енергија и го јакне имунитетот како и Говедскиот желатин кој помага кај проблеми со зглобовите и коските. Исто така многу баран е сокот од аронија кој е наменет односно може да го консумираат сите генерации, појаснуваат од „Биокосмос“.
Освен богатата палета на природните и органски додатоци во исхрана, оваа продавница нуди голем избор на органски житарки, брашна, семиња, макробиотска храна, сушени овошја, интегрални колачи, интегрални тестенини, комбуха, соини производи, зачини, чаеви како и специјализирана програма на без глутенски производи.
-Имаме широка палета на безглутенски колачиња, крекери, брашна, тестенини и барсови. Тоа е специјална храна за лица кои имаат нетолеранција на глутен меѓутоа безглутенскиот начин на исхрана во последно време е популарен и кај спортистите и лицата кои внимаваат на својата линија, велат од „Биокосмос“.
Во текот на актуелниот летен период еден од најбараните производи во „Биокосмос“ е Кокосовото масло кое има мал процент на заштитен фактор од сонцето и ја заштитува кожата. Исто така голем интерес имало и за Аргановото масло кое се користи против старечки дамки, а барани биле Бадемовото масло и маслото од портокал.
Понудата на здрава храна, на „Биокосмос“ во наредниот период ќе биде збогатена со свежо сезонско овошје и зеленчук, од органско потекло. За почеток, на купувачите ќе им бидат понудени органски домат, морков, пиперки и праски, па подоцна и други видови на свежи намирници.
Освен во продавницата во Охрид и другите продавници во Македонија, производите на „Биокосмос“ може да се набават и преку електронската продавница за здрава храна www.bionaestore.mk , преку која се врши достава на здрава храна низ цела Македонија.
Е.М