Редовната конзумација на здрави масти секоја година во светот би можела да спречи повеќе од милион случаи на смрт предизвикани од болести на срцето.
Здравите масти се добри за здравјето, а се работи за полинезаситени масти кои можат да се пронајдат во рибата, сојата, маслото од соја, масло од сончоглед, семки од сончоглед, ореви, масла произведени од пченка.
Овие масти овозможуваат контрола на концентрацијата на таканаречениот лош холестерол во крвта и се поврзани со помал ризик за болести од срце и мозочен удар. Експертите напоменуваат дека е подеднакво важно да се ограничи внесот на заситени и транс масти.
Новите наоди се темелат на податоци собрани во 186 земји.
извор:metro-portal.hr