Истражување на германски научници потврдува дека здравите животни навики се поврзани со 38% помал ризик за мозочен удар.

Здравите животни навики носат многу придобивки, а една од нив е и значително намалување на шансите за мозочен удар. Истражувачите на примерок од речиси 24 000 испитаници ги прателе ефектите од одржување на здрава телесна маса, физички вежби, здрава исхрана и избегнување на пушење и претерана консумација на алкохол.

Учесниците во истражувањето биле следени просечно 13 години.

Се покажало дека во однос на спречувањето на мозочен удар најважни фактори биле избегнувањето на пушење и одржување на здрава телесна маса, пишува стручното списание Stroke.

Покрај тоа, утврдено е дека откажувањето од цигарите во било која возраст резултира со смалување на ризикот од мозочен удар.

 

извор:metro-portal.hr