На многу луѓе им се има случено да држат диета за по завршувањето на истата да се вратат на старите навики и да ги вратат килограмите. Ако сакате да живеете здраво и да имате витко тело најважното нешто е да создадете нови навики во кои највлијателните се:


Секојдневно вагање:

Иако експертите тврдат дека најдобро е да се вагате еднаш во неделата, секојдневното вагање е здрава навика која ќе влијае на вашата свест за долготрајно и ефикасно одржување на здрава тежина.

Задолжителен доручек:

Доручекот е најважниот оброк во денот и тој никако не смее да се прескокне. Освен енергијата која ја добиваме, калориите кои ги внесуваме за време на доручекот се трошат до крајот на денот.

Пиете повеќе вода:

Уште една од навиките кои сите траба да ја применуваат е внесувањето на поголеми количини вода. Луѓето кои пијат чаша вода пред секој оброк ја намалуваат нивната тежина за 30% од повеќе од оние кои ја немаат таа навика.

Јадете интегрално:

Житариците, интегралниот ориз, леб и тестенини се одличен почеток во процесот на слабеење. Интегралната храна е здрава и вкусна, а исто помага и со надуеноста во стомакот.

Јадете свесно:

Заборавете на јадењето пред ТВ, лаптоп или книга. Со несвесно прејадување во организмот внесуваме и до 40% повеќе калории, а тоа најчесто се случува кога нашето внимание е насочено на друго место.

Опуштете се:

Стресот не само што е лош за здравјето на вашиот организам тој е еден од главните фактори кои предизвикуваат дебелеење. Еден начин за отстранување на стресот е добриот сон кој треба да трае барем 7 до 8 часа.