Здравите навики се темел на здравиот и долг живот, а почетокот на секоја година е одлична прилика да ги усвоите оние кои ќе ви го обезбедат тоа. Бидејќи четири
нездрави навики-пушење, алкохол, неактивност и недостаток на овошје и зеленчук во исхраната го скратуваат животот за 12 години, следат неколку здрави.
За почеток,се разбира, престанете да пушите. Веројатно не е потребно да се објаснува зошто, обидете се да издржите барем два месеци без цигари, па кога ќе видите колку квалитетот на вашиот живот се променил, нема да ви биде тешко да продолжите така.
Понатака, јадете умерено. Да, има вкусна храна, можеби партнерот ви вели дека готвите феноменално, но секогаш оставете малку храна во чинијата и полнете ја само еднаш.
Помалку калории-подолг живот, покажале истражувања.
Во чинијата нека има зеленчук, а на масата овошје, и секој ден внесувајте ги потребните витамини и минерали на природен начин.
Алкохол консумирајте умерено. Еден пијалок дневно за жени, два за мажи – тоа е мерата која помага на здравјето, се над тоа штети.
Згаснете го телевизорот и движете се, особено ако на работа седите по цел ден. Седењето го скратува животот, а поради тоа се појавуваат и болести. Од друга страна
дваесеттина минути дневно шетање, прави чуда за вашето здравје и општата состојба.
Покрај тоа секојдневната физичка активност е клучна за долговечност, па или вежбајте дома или во теретана, јога, пилатес, фитнес, сеедно, само да е секој ден по малку.
Дружете се со пријателите, тоа е добро за вашето срце и менталното здравје, уживајте во секојдневните ситници и вашиот живот ќе биде многу поубав.
извор:metro-portal.hr