Здравата исхрана не е толку едноставна како што звучи, бидејќи постојат низа намирници кои се вистински калориски бомби, а обично се третираат како здрава храна.
Така, на пример, брусниците ги фалиме поради високиот процент на железо кој е неопходен, но забораваме притоа на една „ситница“-рака брусници содржат 100 грама шеќер.
Грчкиот јогурт е нов хит кој се препорачува како идеален доручек, но некои видови во само три лажици имаат 8,5 грама заситени масти, што е речиси половина од препорачаниот дневен внес на масти. Ако изедете цело пакување, ќе внесете доволно масти за два дена.
Енергетските плочки направени од мусли и сушено овошје делуваат како ултимативно здрав оброк, но всушност имаат преку 200 калории и 11 грама масти, па проценете сами колку се здрави.
Супата, домашната, се крева на пидестал од здравата храна, но често се случува да содржи повеќе соли од онаа од кесичките. Затоа посолете ја со мера.
За крај,медот има 25 калории по лажичка, а шеќерот 16, па и со нив треба внимателно.
извор:metro-portal.hr