Младоликиот изглед отсекогаш ценет, а се што е потребно за тоа е правилна исхрана, па еве неколку корисни совети што и како да јадете.

Така, за чиста и беспрекорна кожа е потребен зголемен внес на риба и зеленчук, од зелен лиснат зеленчук како спанаќ, поради тоа што содржи витамин А и Ц до свежа риба како див лосос чии омега 3 киселини имаат корисен ефект на здравјето на кожата.

Хидратизираната кожа дава здрав и убав изглед, а за да го постигнете тоа потребно е утринското и попладневното кафе да го замените со зелен чај, пијалок преполн со антиоксиданти кои го зголемуваат дотокот на крв и кислород во кожата на лицето, со дополнителна хидратација.

За крај, од брчките ќе се ослободите со внес на намирници богати со витамин Ц кој помага во создавањето на колаген, клучен за младолик изглед. Затоа, нека на маса секогаш ви биде ананасот, киви и портокали, а во фрижидерот брокула и кељ.

извор:metro-portal.hr

X