Здравствената состојба на кошаркарот на Црвена Ѕвезда, Огнен Кузмиќ се стабилизира, но тој ќе продолжи да биде во индуцирана кома со оглед на тешките повреди кои ги доби на плуќата во сообраќајната несреќа која се случи пред неколку дена.
Црвена Ѕвезда на својот официјален клупски сајт информираше дека кошаркрот може слободно да дише, но поради тешки повреди докторите одлучиче тој да биде во кома. Хирурзите ќе му изршат операција на вилицата која му беше скрешена и ќе му се олесни дишењето.
Кузмиќ прво се судри со друг автомобил а потоа се преврти и излета од патот во Босна и Херцеговина, а порадо сложненоста на повредите директно со хеликоптер беше пренесен во белградската болница. Во автомобилот од Кузмиќ се наоѓа уште еден човек кој исто така е индуцирана кома. Лицата од другиот автомобил поминаа со полесни повреди и се пуштени на домашно лекување.
OhridNews