Не е ретко да се забележат луѓето, како со сопствениот здив ги чистат објективите од своите фотоапарати. Исто така, дел од нив користат различни марамчиа, со кои „привидно“ се чисти овој дел од апаратот. Овие се само неколку познати трикови, кои секојдневно се практикуваат од човекот.
Сепак, еден од најголемите гиганти од овој сектор, Никон, препорачува дека „ефтините“ трикови само можат да му наштетат на вашиот фотоапарат. Техничката поодршка на официјалната страна, потенцира дека најдобриот начин за чистење на објективите се специјалните марамчина и течности, кои не претставуваат опасност.
Тие напоменуваат да не се користат никакви други течности, истовремено препорачувајќи објективот да не се замаглува преку сопствениот здив. Тој во себе содржи киселини, кои можат да го уништат фотоапаратот.