Нејасните зделки околу струшкиот хотел „Изгрев“ во кои влезе Македонската православна црква,  е најматен настан во ноември, покажала  анкетата „Бистро – Матно“ на независната новинска агенција „Макфакс“.

Матните купопродажни договори за „Изгрев“, стари седум години, за што се заинтересираа Обвинителството, полицијата и Дирекцијата за спречување перење пари, деновиве повторно се актуелизираа. Црквата преку Скопската епархија, на лицитација за 1,5 милиона евра по втор пат го купи хотелот. Не е јасно дали МПЦ и ќе биде сопственик бидејќи Банката ЛХБ од Германија тврди дека со фалсификат била избришана од листата на доверителите во имотниот лист на Изгрев. Случајот ќе има судска разрешница.

Ohridnews