Збунети полицајци направиле вистински метеж уапсувајќи двајца полицајци наместо разбојниците.
Во центарот на Берлин, двајца разбојници од продавница украле 2.000 евра, но се вклучил алармот.
Минута подоцна пристигнале двајца полицајци на тајна задача. Веднаш по нив влегле полицајците во униформа кои ги уапсиле првите, не знаејќи дека тие се нивни колеги. Не им дале нити можност да се претстават. Разбојниците, во меѓувреме побегнале.