Жителите на Нов Зеланд наскоро ќе мораат да одберат имиња за своите два главни острови кои моментално се нарекуваат Северен и Јужен. Географскиот одбор на земјата, кој го доделува и одобрува менувањето на имињата на островите објавил консултации за алтернативните Англиски и Маорски имиња.
Географскиот одбор има намера да одобри англиски и маорски имиња за островите. Меѓутоа тука постои и фактот дека маорски имиња веќе постојат и тоа Те Ика Мауи за северниот И Те Ваи Поунаму за Јужниот. Мауи е митолошки маорски бог кој го уловил Нов Зеланд додека ловел риба во своето кану. Маорските имиња се појавиле на раните мапи на Нов Зеланд, влучувајќи и на онаа на Џејмс Кук. Маорските имиња престанале да се употребуваат дури во 50-тите години на минатиот век.