Зборникот посветен на Светската конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог, која се одржа во октомври минатата година во Охрид, деновиве е претставен во јапонскиот дневен весник „Сеику Шимбун“. Овој угледен весник од Токио има шестмилионски тираж.
Меѓурелигиската конференција во Охрид го сврте вниманието на светот
Во сторијата Македонија е посочена како лидер на мирот, дијалогот и соживотот на Балканот и во поширокиот регион, а конференцијата на која учествуваше и јапонска делегација е оценета како исклучително значајна за мирот во светот.
Зборникот за охридската конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог, неодамна беше промовиран од страна на Министерството за култура. Промоција на зборникот се најавува и во Јапонија.