Репрезентацијата на Русија е последниот патник во четвртфиналето на ЕП во фудбал што се игра во Швајцарија и Австрија. Зборнајата во одлучувачкиот натпревар од Д групата ја збриша Шведска совладувајќи ја со 2:0. Русите кои од самиот почеток наметнаа силно темпо импресионираа со својата игра, а благодарение на промашувањата Шведска доживеа благ пораз. Стрелци на головите за Русија беа Павличук и повратникот во репрезентацијата Аршавин кој паузираше во првите две кола од шампионатот поради црвен картон од квалификациите. Русија во четвртфиналето ќе се сретне со Холандија.

Лидерот во Д групата, Шпанија и со вториот тим беше пресилна за европскиот првак Грција. Грците немоќни и на оваа средба презентираа фудбал од некои дамнешни времиња. Со скор од три порази и само еден постигнат гол јужните соседи само ја продлабочија мистеријата околу нивниот сензационален триумф пред 4 години во Португалија. Нивната одбрамбена тактика овој пат мина катастрофално. Шпанија за противник во четвртфиналето ќе ја има Италија.

Г. Момироски