Репрезентацијата на Русија избори пласман во полуфиналето на ЕП во фудбал што се игра во Швајцарија и Австрија откако го совлада големиот фаворит Холандија со 3:1 по продолженијата.


Аршавин-фото uefa.com

Победата на Русите е повеќе од заслужена. Рускиот тим предводен од холанѓанецот Гус Хиндинг беше подобар во текот на целиот натпревар. Русите беа блиску до победа во регуларниот дел откако со голот на Павличенко имаа предност до 4 минути пред крајот, кога Ван Нистелрој израмни за продолженија. Во екстра времето иста слика. Русите напаѓаа Холандија немоќна. Одлуката падна во второто продолжение кога најпрвин извонредниот Аршавин ја доведе Русија во ново водство, а веднаш потоа Трабински ги постави конечните 3:1.