„По долго анализирање продуцентите на ’Доктор Хаус’ одлучија оваа осма сезона на серијата да биде последна“, наведуваат во соопштението продуцентите.
Осмата сезона на „Доктор Хаус“ во моментот тече на Фокс телевизија, а последната епизода е планирана за 21 мај.
„Продуцентите Хаус секогаш го сметаат за енигма. Не би смеел да биде последниот што ја напушта сцената. Што би можело да биде подобро отколку да исчезне пред музиката да ја снема, кога во воздухот сè уште има ветувања и малку мистерија?“, напишаа продуцентите.„Доктор Хаус“, кого го толкува Британецот Хју Лори, зборува за лекар човекомрзец Грегори Хаус кој користи неконвенционални методи и често наидува на неразбирање од своите млади соработници.
По првите епизоди во 2004 година серијата не забележа некаков запазен успех, но со време стана култна и заштитен знак на телевизијата Фокс. Сепак, последните години трошоците за снимање пораснаа, а гледаноста опадна.
Крајот на серијата би можело да го означи и крајот на кариерата на 52 годишниот Хју Лори, кој најави дека има намера да се сврти кон режија и продуцентска работа.
Лори за улогата на Хаус доби два златни глобуса. За Еми наградата беше номиниран шест пати.
извор: „Макфакс“