Телевизиската серија „Збогум Румелија“ во режија на познатиот турски режисер Сердар Акар, до 9 септември ќе се снима на повеќе локации во старата чаршија во Охрид.
На проектот кој изминатите недели се снимаше во Битола ангажирана е техничка и актерска екипа од Турција и Македонија. Серијата е финансирана од познатата турска телевизија АТВ, а продукцијата е на Адам филм од Турција и Сектор Филм од Македонија. Проектот е поддржан и од Министерството за култура на Република Македонија, Министерството за внатрешни работи, Заводот за заштита на спомениците на културата, НУ Завод и музеј Охрид, како и од Општините Битола и Охрид.
Дејствието на серијата „Збогум Румелија“ се одвива во 1899 година и зборува за распаѓањето на Отоманската Империја преку животната приказна на сиромашниот турски селанец – млекарот Рамиз.
ohridnews