Романската Константца предводена од поранешниот селектор на македонската ракометна репрезентација, Ѕвонко Шундовски и играчот Бранислав Ангелоски по поразот од Целје 24-19 ги загуби теоретските шанси за пласман во нокаутфазата во Лигата на Шампиони.

Поразот од словенците е седми во деветтиот натпревар во групата и со две победи се на дното од табелата. Последното коло од групата ќе биде збогување за Шундовски и Ангеловски од елитата.

Во групата со Констанца се наоѓа екипата на Атлетико Мадрид каде настапува капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров.

На “црвено белите“ во последните два натпревари против Савехоф односно Веспрем им е потребна една победа за осигурување на третата позиција.

Мх.П.