Патот до совршената линија е обложен со камења. Ниту една диета не гарантира долготрајна виткост, а нападите на глад и желбата за слатко не исчезнуваат ни со најголемиот труд. Овие „убијци“ на калории имаат позитивен ефект врз слабеењето или задржувањето на телесната тежина па би требало да ги јадете или правите почесто.
Алги
Најдобри се зелените алги како прилог на зеленчукот. Содржат витамини Ц и Б и влакна кои даваат чувство на ситост. Телото го снабдуваат со јод кој подеднакво се справува со калориите. Витаминот Б има важна улога за метаболизмот.
Јаболка
Освен витаминот Ц, содржат лесно сварливи јагленохидрати и пектин кој го поттикнува варењето и помага во намалување на холестеролот.
Горка диња
Денеска воглавно се користи за третман на дијабетес. Според истражувања во телото активира лачење на хормон кој се создава во масното ткиво и кој заедно со другите хормони влијае врз регулацијата на чувството за глад и ситост.
Холин
Телото самостојно произведува колку што му треба, а дополнително се внесува со консумација на јајца и соја. Се вбројува во материи кои ги разградуваат мастите и на тој начин го забрзуваат процесот на слабеење.
Хром
Еден од најважните елементи во трагови со кој телото би требало да биде добро снабдено. Недостатокот на хром предизвикува пореметување на користењето на гликозата.
Прескокнување на вечерата
Влијае врз хормоналната рамнотежа и го поттикнува разградувањето на масното ткиво. Без вечера се лачи поголема количина на хормонот за раст, а позитивен ефект се јавува и ако вечерата ја прескокнете само два пати неделно.
Аминокиселини
Триптофанот, фенилаланин, леуцин, лизин, валин, треонин, метионин и изолеуцин се клучни аминокиселни кои во телото се внесуваат преку храната. Се содржат во рибата (особено туната), лешниците, месото, ориз, грав, млеко, јајца и компири.
Спорт
Било кој облик на физичка активност е подобар за духот и телото од седењето и лежењето.
Користење на мозокот
Концентрираната работа е напорна за мозочните келии, но и за целото тело, па поттикнува трошење на калории.
Грејпфрут
Ги топи мастите, а најголем ефект се постигнува кај консумацијата на грејпфрут кој сеуште не е целосно созреан. Доведува до подобра циркулација и игра голема улога во намалувањето на телесната тежина.
извор:metro-portal.hr