На сцената во Центарот за култура денеска од 20 часот ќе се игра драмата „Григор Прличев“.
Театарската претстава ја подготви драмското студио кое фунционира во рамките на оваа национална установа. Текстот е на познатиот охридски автор, Миле Волканоски,а режијата е на Ацо Атанасов-Митуш.
Драмата ја прикажува борбата на Прличев против фанариотскиот владика Мелеретиј кој сака да го погрчи Охрид и настојувањата на охридскиот ловороносец да го внесе македонскиот јазик во училиштата, а словенскиот во црковното пеење.
Ohridnews