Денеска истекува вонредната состојба што претседателот на државата ја продолжи по трет пат на барање на владата заради справување со кризата предизвикана од Ковид 19.
На покана на претседателот Стево Пендаровски, синоќа во „Вила Водно“ се одржа средба со лидерите на СДСМ, Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
На средбата се разговарало за различни аспекти на изборниот процес, при што и двете страни понудиле аргументи во прилог на нивните позиции. Како што информира Кабинетот на претседателот Пендаровски, на средбата не бил постигнат договор за одредување датум за предвремените парламентарни избори. Двајцата лидери се договориле да ја продолжат комуникацијата меѓу себе.
OhridNews