Вечерва во Охрид ќе бе затворено првото издание на фестивалот „Piano Summer Ohrid“, кој е во организација на здружението „Клавирско лето“ од Битола.
Изминатите десет дена, фестивалот значително придонесе за збогатување на културната понуда на градот.
Покрај вечерните концерти, во просториите на Музичкото училиште „Методи Патче“ се одржа и Меѓународната летна академија за пијано која беше под водство на истакнатиот германски пијанист и професор Клаус Шилде.
Инаку, фестивалската програма беше базирана врз камерна и модерна музика, а меѓу учесниците на „Piano Summer Ohrid“ беа Дмитриј Романов, Хјун Сон Текин од Јужна Кореја, Масако Сакаи и Мику Нишимото од Јапонија, Марија Динов, Катарина Симоновиќ, Саша Арсенков и други.
OhridNews