Осминафиналната фаза во Лигата на Шампиони дојде до самиот крај. Вечерва, реванш натпреварите во последните два натпревари ќе ги дадат последните патници во топ 8, во најелитното клупско натпреварување во Европа.

Баерн Минхен и Челси стекнаа предност во првите мечеви, победувајќи на гостински терен против Лацио 4-1 односно Атлетико Мадрид 1-0. „Баварците“ рутински ќе треба да ги одработат 90-ет минути на Алијанц Арената против италијанскиот состав, додека нешто поголема задача имаат „сините“, кои ќе имаат задача да го издржат налетот на Атлетико Мадрид.

Баерн Минхен најверојатно ќе комбинира со екипата, а истото се очекува и во Лацио, кој има речиси нереални шанси за пласман во следната рунда. Челси неможе да смета на Жоржињо, Маунт, Абрахам и Тијаго Силва. Атлетико Мадрид нема проблем со повредени фудбалери.

До сега пласман во топ 8 обезбедија Реал Мадрид, Манчестер Сити, Порто, Пари Сент Жермен, Ливерпул и Борусија Дортмунд.

  • Двојки:

Баерн Минхен – Лацио (4-1)

Челси – Атлетико Мадрид (1-0)

Во заградите се резултатите од првите натпревари.

OhridNews