Во Охрид денес завршува тридневната Меѓународна конференција  “Транспарентен систем на кариера во демократската Полиција”. 

На оваа меѓународна средба учествуваат голем број полициски експерти  и стручни лица од областа на човечките ресурси. Конференцијата ја организираше  Бирото за јавна безбедност при Министертвото за внатрешни работи од Република Македонија во координација мисијата на ОБСЕ во Македонија.

Деталите и заклучоците од конфренцијата ќе бидат соопштени денес, на прес-средбата со медиумите, која ќе се одржи во хотелот “Инекс-Горица”.

OhridNews