На последниот ден од холандскиот филмски фестивал „Високи достигнувања од ниската земја“, вечерва со почеток во 21.30 часот во дворното место пред дирекцијата на „Охридско Лето“ во Охрид, ќе бидат прикажани долгометражниот филм „Симон“ и краткиот филм „Успех“.


„Симон“ е филм во режија на познатиот Еди Терстал. Сместена во живописниот Амстердам, оваа современа приказна е  забавна. Филмот се занимава со чувствителни теми како што се хомосексуалноста, сидата, дрогата, еутаназијата, но исто така и со пријателството и љубовта. Извонредната глума на протагонистите го прави овој филм уште понезаборавен. Филмот е виден од 100 000 локална публика и ја доби наградата ЗЛАТЕН ФИЛМ, како и многу други награди на меѓународните филмски фестивали (Валенсија, Трибека).

Краткиот филм „Успех“ претставува 8 минутна апсурдна трагикомедија за човек кој ќе постигне личен успех на денот на својата смрт.

Проекцијата на филмовите е бесплатна.

Ohridnews