Со натпреварите од А, Б, Ц и Д групите, вечерва, ќе се комплетираат мечевите од шестата рунда која е последна во групната фаза од Лигата на Шампиони. Вечерва, ќе бидат познати сите учесници во нокаут фазата и екипите кои ќе продолжат во Лигата на Европа.

Во групата А борбата ќе биде помеѓу Клуб Бриж и Галатасарај за третата позиција, бидејќи првите две места се резервирани за ПСЖ односно Реал Мадрид. Белгискиот претставник на домашен терен го пречекува Реал Мадрид, додека Галатасарај гостува во Париз.

Иста ситуација има во групата Б, само што ривалите во случајов Олимпијакос – Црвена Ѕвезда играат помеѓу себе. Грците на домашен терен против Црвена Ѕвезда имаат меч топка за третата позиција и европска пролет во Лигата на Европа.

Во групата Ц ситуацијата е најкомплицирана. Три екипи имаат шанса да се борат за втората позиција и друштво на Манчестер Сити во елиминациската фаза. Шахјтор е во пол позиција и силите ќе ги одмери со Аталанта на домашен терен, а Динамо Загреб ќе се судри со Манчестер Сити.

На крајот, во последната рунда Атлетико Мадрид се најде во незавидна ситуација. „Јорганџиите“ мора да победат пред своите гледачи во дуелот со Локомотив и да избегнат било какви калкулации од средбата Баер Леверкузен – Јувентус.

Мечевите до групата Ц ќе означат почеток во 18:55 минути, а натпреварите од другите групи се играат во 21 часот.

Двојки:

Група А: Клуб Бриж – Реал Мадрид, ПСЖ – Галатасарај

Табела: ПСЖ 13, Реал Мадрид 8, Клуб Бриж 3, Галатасарај 2

 

Група Б: Баерн Минхен – Тотенхем, Олимпијакос – Црвена Ѕвезда

Табела: Баерн Минхен 15, Тотенхем 10, Црвена Ѕвезда 3, Олимпијакос 1

 

Група Ц: Динамо Загреб – Манчестер Сити (18:55ч); Шахјтор Доњецк – Аталанта (18:55ч)

Табела: Мен Сити 11, Шахјтор Доњецк 6, Динамо Загреб 5, Аталанта 4

 

Група Д: Атлетико Мадрид – Локомотив Москва, Баер Леверкузен – Јувентус

Табела: Јувентус 13, Атлетико Мадрид 7, Баер Леверкузен 6, Локомотив Москва 3

OhridNews