Рекордерот по бројот на постигнати голиви и еден од најтројфејните фудбалери во клупската историја на Манчестер Сити, Кун Агуеро, ќе го напушти „Етихад“ после завршување на тековната натпреварувачка сезона.
Аргентинецот, менаџерот Пеп Гвардиола и високи претставници од клубот имале состанок на кој одлучиле фер и коректно да прекине соработката помеѓу фудбалерот и Манчестер Сити. Кун Агуеро од „Етихад“ заминува како слободен агент, после фантастична кариера од десет години.
Агуеро кој во Манчестер се пресели од Атлетико Мадрид учествуваше во освојувањето на најдраматичната титулата во Премиер лигата. Токму Агуеро во петтата минута од судиското надополнување постигна погодок и му донесе победа против КПР, вредна титула на Манчестер Сити.
Од клубот инфомират дека Агуеро заедно со Винсент Компани и Давид Силва ќе добијат статуи пред „Етихад“ во знак на благодарност за перфектните кариери во дресот на Манчестер Сити.
После објавувањето за разделбата, Кун Агуеро стана пик број еден за летниот преоден рок. Најзагреана за услугите е Барселона, но се уште нема контакт. Во игра е и ПСЖ.
OhridNews