Легендарниот холандски фудбалер Арјен Робен пресече и на крајот од оваа сезона ќе го напушти германскиот гигант Баерн Минхен. Брзоногиот фудбалер во редовите на минхенски Баерн се пресели 2009 година од Реал Мадрид во трансфер вреден 30 милиони евра.

  • Поминав величенствени мигови во Баерн Минхен. Но, оваа сезона за мене ќе биде последна. Клубот брзо се движи и јас морам да продолжам понатаму. Одлуката беше тешка, бидејќи долго време сме заедно. – изјави Робен.

34-годишниот фудбалер до сега со „баварците“ освои седум титули во Бундес лигата, четири во Купот на Германија, пет Супер купови, еден трофеј во Лигата на Шампиони и Супер куп на Европа.

Холанѓанецот кариерата ја почна во Гронинген, а потоа се пресели во ПСВ. Од Холандија замина во Англија и играше во Челси, а потоа трансферираше во Реал Мадрид. Во 2009 година го засили Баерн Минхен и до ден денес остана таму. Како следна дестинација се наведува америчката МЛС лига, каде често европските ѕвезди ја завршуваат кариерата.

OhridNews