Со настапот на ансамблите „Илинден“ од Мелбурн, Австралија и „Јонче Христоски“ од Скопје, вечерва од 21 часот на летната сцена Долни Сарај, завршува 46-от Балкански фестивал на народни песни и игри.


вечерва завршува 46-от Балкански фестивал

Љубителите на фолклорот оваа година имаа можност да видат 12 ансамбли од 8 земји. Во петте фестивалски денови пред охриѓани  се претставија  ансамбли од Србија, Бугарија, Албанија, Турција, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Македонија, а како гости вечерва ќе настапат и членовите  на Македонското културно уметничко друштво од Австралија.    

Горан Момироски
фото: Бојан Секулоски