Со настапот на ансамблот од Овчаране – Грција и КУД “Севојно“ од Србија, вечерва на сцената на Долни Сарај, ќе биде спуштена завесата на 48-от Балкански фестивал на народни песни и игри.

Поради проблеми со визите на затворањето на фестивалот нема да настапи најавениот ансамбл од Нигерија, соопшти организаторот.

Годинава љубителите на фолклорот имаа прилика да видат 10 културно уметнички друштва од  Македонија, Србија, Хрватска, Бугарија, Турската Република Северен Кипар, Грција и Косово.

Ohridnews