Денеска истекува последниот рок според кој  регистрираните земјоделци од Македонија, можеа да аплицираат за користење на средства од ИПАРД програмата.  Овие пари потекнуваат од Фондовите на Европската Унија, а се наменети за примарно земјоделско производство и унапредување на руралниот развој.

Јавниот оглас за оваа програма беше објавен во декември, а опфати наменски средства од околу 24 милиони евра. Според него, земјоделцот со  грантот од ИПАРД поддршката треба да покрие 50 насто од трошокот за реализирана инвестиција со која тој го ќе го унапреди производството. Од него, 75 проценти се пари од ЕУ, а 25 се од Буџетот на Македонија.

OhridNews