Се очекува Дирекцијата за заштита и спасување која ја спроведува акцијата да го соопшти бројот на неексплодирани убојни средства кои нуркачите ги извадија од Охридското Езеро. Надлежните првично очекуваа да бидат извадени околу 600 експлозивни средства, но тој број неколкукратно се зголеми во текот на акцијата. Меѓу оружјето има гранати, бомби и муниција кои потекнуваат од Балканските и двете светски војни, а неодамна во близина на кејот беа пронајдени и два минофрлачи од 1916 година.
Неексплодираните убојни средства од Охридското Езеро ќе бидат уништени на полигонот во Криволак.