Со настапот на светски познатиот пијанист од Македонија Симон Трпчески и „Музика вива“, вечерва во 21 часот во катедралната црква Света Софија, ќе биде спуштена завесата на 47-то „Охридско лето“.

Публиката во изминатите 40 дена во рамките на фестивалот имаше можност да проследи 36 музички и 14 драмски претстави, од кои 4 македонски премиери.
 
Ќе се паметат спектакуларниот настап на киевскиот балет со претставата „Спартак“, извонредната џез ѕвезда Барбара Хендрикс, Пепе Ромеро, кларинетистката од израел Шерон Кам, европската хит претстава „Тесла Електроник“ и други.


од настапот на Барбара Хендрикс

Сепак впечеток е дека и оваа година фестивалот имаше концептуални отстапувања, а дел од изведувачите не го заслужија настапот на Охридско лето. Организациски фестивалот ги покажа стандарните слабости дел од обврските да се реализираат во последен момент, но освен едно откажување на претстава од Сараево, на фестивалот годинава немаше други позначајни отстапувања во тој поглед.

Во наредниот период веруваме ќе претстои стручна анализа која треба да придонесе да се отстранат недостатоците, а „Охридско лето“ во иднина ќе се постави како манифестација без естрадни и друг вид примеси кои и покрај високиот квалитет концепциски не се вклопуваат во фестивалот.

Г. Момироски