Додека не биде комплетирана истрагата не можат да се соопштат причините за големата трагедија, изјави денеска републичкиот јавен обвинител Љупчо Шврговски.
-Сеуште е рано да зборуваме за некаков финален извештај бидејќи не е направено завршното вештачење кое треба да ги открие причините како се случила бродската несреќа, рече Шврговски. Дали освен обвинетиот капетан кој се наоѓа во притвор ќе има проширување на истрагата и на други лица ќе се знае тогаш кога ќе заврши вештачењето, додаде Шврговски.
Обвинителот Шврговски како шпекулации ги оцени информацијата што ги пласираа бугарските медиуми за тоа дека во случајот „Илинден“ има криминал, посочувајќи дека истрагата се заснова само на факти и додека таа не заврши комплетно не може да се тврди ништо.