Завршниот дел од сезоната во македонските колективни спортови ќе се игра со публика на трибините, – најави министерот за здравство, Венко Филипче.

Враќањето на публиката на трибините е дел од олабувањето на мерките, кои денеска Главниот координативен штаб ги испрати до Комисијата за заразни болести.

Донесена е одлука за отворање на фитнес центри и теретани. Исто така, дадена е и дозвола за одржување на еден дел од спортските натпревари со враќање на публиката и неофицијалните лица, што досега не беше дозволено, – изјави Филипче.

Протоколите за спортски настани ќе важат од 2020 година, што значи дека 30% од вкупниот капацитет на спортската сала или стадион ќе може да се стави во функција односно да бите отворен за публика.

OhridNews