Европската фудбалска федерација (УЕФА), во договор со претставниците од 55-те земји членки на денешната видео конференција одлучија завршницата од европските клупски натпревари да се поместат за јули и август.

УЕФА на претходната ваква конференција одлучи финалињата и елиминациските натпревари да се одиграат во јуни, но пандемијата на коронавирусот фати поголем замав и сигурно нема за брзо да исчезне. Се додека постојат заразени во никој случај не смее да се помисли на спорт со огглед на голема френквеност на теренот, трибините…

Покрај завршниците од европските клупски натпреварувања одложени се баражите за пласман на Европското првенство. Неизвесноста трае околу националните првенства, кои, се прекинати и се уште ништо не се знае што ќе се случува.

OhridNews