Челниците на регионалната ракометна СЕХА лига, по примерот на Европската ракометна организација (ЕХФ) ќе ги одложи елиминациските натпревари и завршниот турнир.
Од СЕХА лига, сметаат дека идеален термин за доигрување на тековната сезона е септември месец. Односно, четвртфиналните натпревари и завршниот турнир, да бидат најава за новата сезона.
Во четвртфиналните пресметки силите треба да ги одмерат актуелниот шампион Вардар – Нексе Нашице односно Веспрем – Војводина. Екипите на Мешков Брест и Загреб, обезбедија пласман на Ф4 турнирот, кој ќе се одигра во Задар.
Следната сезона, екипите ќе бидат со изменет состав но на СЕХА лигата и е важно да се доигра сезоната и да се прогласи шампион.
OhridNews