Се дотерува градов на повеќе места пред НАТО форумот, а најмногу внимание му е посветено на патот кон Свети Наум посебно делот што води до Инекс хотел. Ново осветлување, на некои делови нов асфалт, а се уредува и делот меѓу лентите. Нормално, мајстори сме се да правиме во пет до дванаесет, па така зеленилото кое го вадеа со вода од цистерна, прашање дали ќе зазелени за 2-3 дена, а тревата покрај патот работниците веројатно немаат време да ја искосат – па ја запалија. И сега остана гареж, црно.


Се палеше тревата на потег од 200 метри


Малку потака – вадење


Патот не бил вака среден ни кога беше нов

Во надеж дека нема да се „усрамиме“ ги чекаме тие два „судбоносни“ дена за Македонија, кога треба да дојдат највисоки претставници од Алијансата, а граѓаните најдобро да си останат дома зошто половина град ќе биде блокиран за сообраќај.

С. Костоски