Поставен е првиот слој асфалт на улицата на улицата „Охридска Бригада“, која се реконструираше изминатиот период. Според најавите на локалната самоуправа во текот на наредните денови ќе биде поставен и завршниот слој на асфалт.

Проектот за реконструкција на улицата „Охридска Бригада“ е дел од Програмата за уредување на градежно земјиште за 2020 година. За оваа намена од буџетот на Општина Охрид се издвоени 2.000.650 денари.

Реконструкција на крак од улица „Даме Груев“

Деновиве се изведуваат градежни активности од завршната фаза за реконструкција на крак од улицата „Даме Груев“ во населбата „Христо Узунов“.

Поставен првиот асфалтен слој на коловозот. Претходно се изврши поплочување на тротоарите од двете страни на улицата со бехатон плочки и се изврши поставување на нови рабници.

Овие активности се дел од годишната Програма за уредување на градежно земјиште на Општина Охрид. Според планираното, во текот на наредниот период ќе бидат реконструирани и уште неколку краци од улицата „Даме Груев“.

OhridNews