Завршуваат градежните активности за реконструкција на крак од улиците “Дејан Војвода” и “Македонски Просветители”.

Денеска на крак од улицата Дејан Војвода се врши асфалтирање. Претходно се поставија нова фекална и атмосферска канализација и се изврши приклучок на сите објекти до нови приклучоци# објави на Фејсбук градоначалникот Кирил Пецаков.

Во рамки на проектот предводена е и реконструкција на тротоарските површини со камени плочи и нови рабници, а дополнително се поставува и ново осветлување.

Вкупната вредност на проектот изнесува околу 14 милиони денари.

OhridNews