Завршна презентација на проектот ЕУРЕГИО – Меѓугранична соработка во Охридско-Преспанскиот регион на Германското друштво за техничка соработка, ГТЗ, ќе се одржи денеска во 18ч. во хотелот “Белведере“ во Охрид.

Проектот кој започна да се имплементира во септември 2001, имаше за цел да го поврзи населението од Албанија, Грција и Македонија во регионот околу Охридското и Преспанскито Езеро, во различни области и нивоа (локалните самоуправи, приватниот и граѓанскиот сектор). Во центарот на превземените активности во рамките на проектот се заштитата на природната средина, одржливиот економски развој и институционално јакнење низ заеднички меѓугранични мерки.

Проектот делуваше и во насока на прогласување на споменатиот регион во Еврорегион, како модел на регионална соработка. На презентацијата учество ќе земат  преставници од локалните самоуправи, невладини организации и други институции од Албанија, Грција и Македонија.