Плоштад „Долна порта“
Од 26.08.2021 - 17:00 до 26.08.2021 - 20:00
Утре ќе се одржи втората и завршна групна изложба „Низ детските очи“ од учесниците на летната сликарска школа „Пробај уметност“ во организација на здружението „Тактус“. Изложбата ќе биде на плоштад Долна Порта кај х. Александрија со почеток од 17 часот.
Средствата кои ќе бидат собрани од продажба ќе бидат за малите уметници со цел да ги поттикниме и понатаму да творат и да создаваат уметност. Проектот е делумно поддржан од Општина Охрид, уметничката организација Толне од Данска, како и група граѓани, велат од здружението „Тактус“
Сликарската школа беше во времетраење од 8 недели, од 16 јуни до 5 август. Во рамки на школата учество зедоја над 30 деца.
OhridNews