Започна завршната фаза од реконструкцијата на улицата „7-ми Ноември“. Како што информираат од Општина Охрид во тек се активности за гребење на постоечкиот асфалт, по што следуваат подготовките за асфалтирање.

Претходно на оваа улица се постави нова канализациона мрежа, се реконструираа тротоарските површини и велосипедски патеки и се постави ново осветлување, велат од Општина Охрид.

Градежните активности за реконструкција на улицата започнаа во септември минатата година. Инвестицијата е обезбедена од општинскиот буџет во вредност од 39 милиони денари.

OhridNews