Мануела Хернандез која на 100 години завршила основно училиште, покажала дека за учење никогаш не е доцна, а сега планира да запише средно училиште. Родена е во мексиканската држава Оаксака во 1913 година, една година пред избивањето на Првата светска војна. По завршувањето на прво одделение го напуштила училиштето како би му помогнала на своето сиромашно семејство.
Нернандез продолжила со школувањето на 99 години, а на тоа ја наговорил нејзиниот внук, а дипломата ја примила на свеченост во саботата. Рекла дека многу го сакала училиштето, но за жал не можела да продолжи. Повеќе од половина од жителите на оваа мексиканска држава помлади од 15 години не завршиле основно училиште, објавиле официјалните лица од мексиканското министерство за образование.